Бизнис
22. November 2021 - 21:11

Тендерот на ЕВН за набавка на струја за домаќинствата истекува, а ЕСМ повторно не доставило понуда

Се поизвесно е дека повторно ќе пропадне тендерот на ЕВН ХОУМ, на кој треба да се обезбеди струја за домаќинствата за следната година. И овој пат ЕСМ нема да достави понуда. Од компанијата велат дека допрва ќе се крои цената по која тие ќе ја продаваат својата струја на Универзалниот снабдувач која пак е еден од галвните критериум за тоа какви ќе бидат сметките за граѓаните идната година. Рокот за доставување на понудите е до 25 ноември.

Утре во РКЕ ќе се одржи состанок на енергетските субјекти, на кој ќе се дискутира за актуелната состојба и за планот зa 2022г. Во меѓувреме, АД ЕСМ го подготвува планот за производство за 2022г. Планот потоа ќе се достави на разгледување до Владата, каде на затворена седница треба да се донесе одлука за процентот на електрична енергија кој ЕСМ треба да го обезбеди кон ЕВН ХОУМ и цената по која истата ќе се понуди.", велат од ЕСМ.

Утре ќе се знае и од каде и колкави количини јаглен ќе бидат обебзедени за РЕК Битола, Овие количин се потреби за третиот блок, кој беше оштетен во пожарот кој се случи пред неколку дена, за кој се тврди дека ќе биде ставен во функција до крајот на годинава.

На почетокот на декември пак се очекува да стигнат и првите количини на јаглен за Осломеј. Но засега нема информација дали би имало потреба и од кога би почнало со работа и централата ТЕЦ Неготино која не работи повеќе од 10 години.

ЕСМ прави напори да го зголеми свето произвоство. Според законот за енергетика тие до крајот на годинава треба да обезбедат 60 проценти од потребните количичи струја за домаќинствата за следната година. Ако не успее, ќе мора да се обезбедат од увоз кој ќе чини многу повеќе. Во моментов цената по која ЕСМ ја дава својата струја на   Универзалниот снабдувач е 36 евра за мегават, на пазарите се продава и над 200 евра за мегават час. 

Во меѓувреме цената на берзите нема сигнални дека ќе почне да паѓа.