Температурите во светот лани со нов рекорд трета година по ред
Светските температури лани достигнаа рекордно ниво веќе трета година по ред, приближувајќи се до дозволениот праг за глобалното затоплување, објавија американски научници.
Податоците се објавени два дена пред инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп, кој ги доведува во прашање научните тврдења дека климатските промени ги предизвикал човекот.
Просечните температури на копно и во океанот во 2016 година биле 0,94 степени Целзиусови повисоки од просекот за 20. век од 13,9 степени, според податоците на Националната управа за океани и атмосфера.
НАСА објави речиси идентични податоци, а британскиот Метеоролошки завод и Универзитетот Ист Ингланд, кои исто така ги следат глобалните температури за ОН, ја прогласија 2016 за најтопла година досега.
Ново на Сител
-
Стратешко партнерство со Британија
-
Македонски културно-информативен центар во Белград
-
Тема на денот со Гоце Димовски, директор на ТИРЗ
-
Македонски културно-информативен центар во Белград
-
Се повеќе млади страдаат од ментални заболувања, предупредуваат лекарите по општа и семејна медицина
-
Завршија мировните преговори помеѓу Русија и Украина
-
Лидерите од Европа на самит во Тирана - проширувањето е важно за Унијата
-
Меџити потврди влез на нови пратеници во мнозинството