Телото на Исмаили пронајдено во езерото Комо
Телото на 24-годишната фудбалерка на Јанг бојс и на швајарската репрезентација, Флоријана Исмаили е извадено од езерото Комо во Италија, откако таа исчезна при туристичка посета пред три дена.
Италијанските медиуми објавуваат дека Исмаили скокнала од чамец во езерото за да се освежи, но на тој дел езерото било длабоко 200 метри и таа се удавила, додека нејзината пријателка ја чекала на чамецот.
„Мислев дека сака да ме исплаши и дека ќе се појави од другата страна.Постојано ја викав, но потоа сфатив дека морам да побарам помош“, изјави пријателката на Исмаили.
Исмаили, која има албанско потекло, беше капитен на Јанг бојс и лани беше најдобар стрелец на тимот со 7 гола. За Швајцарија таа имаше 33 настапи и беше дел од тимот кој играше на СП во 2015 година.
Ново на Сител
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Преглед на вестите од светот
-
Интереплација на власта за членовите од Судски што ги избрало Собранието
-
Судски совет ќе испитува грешка кај судијката која за продажба на дрога одредила казна поправен дом
-
Објавени огласи за 47 обвинители и 50 судии: Ќе се пополни ли дупката во обвинителствата?
-
Притвор 30 дена за екс директорот на СОЗР Пеце Мирчевски