Телеграма со сочувство од ВМРО-ДПМНЕ до семејството на Љубиша Георгиевски
Со голема тага и болка ја примивме веста за смртта на еден од најголемите македонски интелектуалци Љубиша Георгиевски, поранешен Претседател на Собранието на Република Македонија, пратеник и кандидат за Претседател на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, но пред се голем хуманист, културен деец, врвен режисер и голем Македонец.
Дозволете од името на целата партија и од името на сите граѓани да изразиме длабоко сочувство до семејството Георгиевски за големата загуба. Загубата на Георгиевски е загуба за целата македонска држава, интелектуална елита и културната сцена.
Љубиша Георгиевски е човек кој ја задолжи Македонија со својата неуморна работа и силна посветеност во развојот на културата и остави силен печат во светската културна ризница. Неговото име ќе остане запаметено како еден од најголемите амбасадори и промотори на нашата култура, идентитет и традиција. Неговата политичка мисла и огромна љубов кон Македонија несебично ја споделуваше со светот и со тоа го заслужи местото на еден од најголемите великани на самостојна и независна Македонија за која мечтаеше, за која живееше и која несебично ја градеше.
Љубиша Георгиевски несомнено остави неизбришлива трага во своето политичко и општествено делување. Со својот лик и дело, со својата ведрина, посветеност и оптимизам, кои заслужуваат должна почит и вечна слава, ќе остане запишан со светли букви како величина и пример за сите идни генерации на нашата Татковина.
Вечен спомен!
Ново на Сител
-
Затворени 28 објекти без лиценца и минимум технички услови за работа
-
Решението за глувците во училиштето во Бутел е дератизација, вели министерката Јаневска
-
Вандализирана градинка во Бутел
-
Продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче
-
Скроена новата потрошувачка кошничка
-
Министерот за европски прашања на Унгарија во посета на Македонија
-
Јаневска: Директорот да изврши дератизација
-
20 тина спасители на планина во Охрид