Македонија
3. March 2016 - 15:43

Телеграма со сочувство од СДСМ до семејството на Томе Серафимовски

Претседателот на СДСМ Зоран Заев испрати телеграма со сочувство до семејството на починатиот академик и познат скулптор Томе Серафимовски.

- Искрено и длабоко сочувство за смртта на почитуваниот академик и познат скулптор Томе Серафимовски, во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз. Загубата е на семејството, но и на граѓаните на Република Македонија, се вели во телеграмата. 

Академик Серафимовски, како што се наведува, остави зад себе богатата ризница на скулптури, портрети, споменици, спомен-обележја, идејни решенија, други дела во Македонија за кои беше награден, но со кои успешно ја промовираше и Република Македонија во регионот и светот.

- Во моментите на болка, утеха нека биде неговото творештво кое останува вечен спомен, стои во телеграмата со сочувство од Заев.