Свет
3. September 2017 - 11:52

Телефонски разговор меѓу официјални лица од САД и Јужна Кореја по нуклеарниот тест на Пјонгјанг

Претседателскиот Кабинет на Јужна Кореја соопшти дека највисоки безбедносни официјални лица од Сеул и Вашингтон разговарале по шестиот нуклеарен тест на Северна Кореја.

Кабиентот соопшти дека американскиот советник за национална безбедност Херберт Рејмонд Мекмастер и неговиот јужнокорејски колега Чунг Уи-јонг имале телефонски разговор што траел 20 минути.

Денешниот нуклеарен тест на Сверна Кореја е најверојатно најмоќниот што таа држава досега го извршила. Властите тврдат дека бил извршен тест со хидрогенска бомба.