Телефонски разговор Ердоган - Зеленски
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговарал со својот украински колега Володимир Зеленски, соопшти Дирекцијата за комуникации на турското претседателство, јави турската државна телевизија ТРТ-Хабер.
Тие разговараа за последните случувања во врска со војната во Украина.
Ердоган истакна дека под какви било околности треба да се зачува можноста за дипломатско решение на кризата во Украина.
Тој додаде дека Турција е подготвена да направи сè што е потребно за да се стави крај на војната преку преговори, соопшти Дирекцијата за комуникации на турското претседателство.
Ердоган, исто така, му се заблагодари на претседателот на Украина за неговото сочувство за минатонеделната експлозија во рудник во округот Бартон, северна Турција, во која загинаа 41 лице
Ново на Сител
-
Медали за сите 7 вина на Монтеко на престижниот вински натпревар Декантер
-
Лицата со телесен инвалидитет бараат адаптирана плажа
-
Кој антички град се крие помеѓу прилепските села Волково и Прилепец, дали тоа е можеби градот Пелагонија?
-
Продажбата на ФК Брегалница – Штип, ги скара власта и опозицијата во градот
-
Преглед на вестите на светот
-
Пченицата ќе се откупува по 12 денари, највисока откупна цена досега, рече Трипуновски
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Тошковски и Дачиќ потпишаа договори за „One Stop“ систем на Табановце-Прешево