Бизнис
3. March 2021 - 19:53

Техномаркет го отвори својот нов продажен салон во Аеродром со големи попусти

Со големи попусти Техномаркет го отвори својот нов продажен салон во Аеродром. Познатиот и успешен бренд на македонскиот пазар со атрактивни цени на најновите модели на бела техника, мали апарати за домаќинство, телефони и ИТ опрема уште на првиот ден го привлече вниманието на многубројните љубопитни потрошувачи.

Во новиот салон со големина од над 500 квадратни метри, опремен според најсовремени стандарди, потрошувачите можат да купат се што им е потребно за својот дом.

Македонскиот бренд за бела техника во услови на пандемија успеа да го прошири својот бизнис и да го зголеми бројот на вработени. Техномаркет има продажни салони низ целата држава.