Техеран: Тестирањето ракети не е спротивно на договорот со шесте светски сили
Иран денеска соопшти дека тестирањето балистички ракети, кои можат да го погодат Израел, не претставува кршење на договорот постигнат минатата година меѓу Техеран и шесте светски сили.
- Иранската ракетна програма и тестирањето ракети во претходните денови, согласно воените вежби, не се спротивни на нуклеарните обврски и договорот постигнат со шесте светски сили, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Хосеин Џабери Ансари.
Командантот на ракетната единица на Револуционерната гарда, бригадниот генерал Амир Али Хаџизадех истакна дека иранската ракетна програма нема да прекине под ниту еден услов, тврдејќи дека Техеран „има подготвени ракети за лансирање“.
- Револуционерната гарда никогаш не ги прифатила резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за иранската ракетна програма... Сегогаш сме подготвени да ја браниме земјата од било кој агресор. Иран нема да се претвори во Јемен, Ирак или Сирија, нагласи Хаџизадех.
Во последните 48 часа иранската армија лансирала неколку балистички ракети.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против четири лица и фирма за загрозување на животната средина со отпад во Трубарево
-
На жена од кочанско и зел 4000 евра ветувајќи и пензија, па ја прекинал комуникацијата со неа
-
Активни три пожари - кај Винче, на Кожуф и на патот Богданци - Гевгелија
-
ПМФЛ: Победи за Вардар и Работнички
-
Трамп: Путин ме разочара, навистина ме разочара
-
Жител на Чашка измамен за 14 илјади евра, му рекле дека ќерка му имала сообраќајка и треба да се оперира
-
Делови од Карпош и Центар утре без вода
-
Премиера на филмот DJ Ахмет на последниот ден од фестивалот Браќа Манаки