Свет
10. December 2023 - 12:31

Тедрос: Конфликтот имаше катастрофален ефект врз здравствениот сектор во Појасот Газа

Конфликтот меѓу Хамас и Израел има катастрофално влијание врз здравствениот сектор во Појасот Газа, предупредува директорот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус.

За време на неговото обраќање на итниот состанок на управниот одбор на СЗО, Тедрос истакна дека потребата за медицинска помош е драстично зголемена, додека капацитетот на здравствените установи е намален на една третина од она што беше пред почетокот на конфликтот.

Многу малку болници во Појасот Газа моментално работат, поради израелските бомбардирања и недостигот на гориво.

Израел го обвинува Хамас дека ги користи болниците како жив штит, но палестинската милитантна група ги отфрла тврдењата.