Тедрос: Богатите држави да не прават залихи на вакцини и лекови
– Богатите земји мораат да ги избегнуваат грешките што ги направија порано со акумулирање залихи на лекови и вакцини, предупреди директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејесус.
Тој ја осуди борбата на богатите земји да обезбедат огромни количини разни вакцини против коронавирусот, додека сиромашните нации се уште не ги добиле првите дози.
Тедрос посочи дека пандемиите ги разоткриваат и експлоатираат нееднаквостите во светот и предупреди дека сега постои „вистинска опасност“ вакцините, како средство за запирање на пандемијата, да ги влошат тие нееднаквости.
– Национализмот со вакцини може да послужи за краткорочни политички цели, но на крајот ќе биде кратковид и самоубиствен, рече Тедрос, пренесува Гардијан.
Тој додаде дека целта на Ковакс да почне со доставување на првите дози во следните неколку недели, и да се почне со вакцинирање на медицински работници и постарата популација во сите земји во првите 100 денови од оваа година.
Тој го повика светот да не ги повторува грешките од кризата со ХИВ инфекцијата, кога богатите земји набавуваа лекови со децении пред да станат достапни во посиромашните земји.
Тедрос исто така потсети дека за време на пандемијата на вирусот на грип Х1Н1 во 2009 година, вакцините стигнале до сиромашните земји дури по завршувањето на пандемијата.
Ново на Сител
-
Данска владее со светскиот ракомет: Историска четврта последователна титула
-
СП во ракомет: Франција ја освои бронзата во драматична завршница
-
Пандов: Затворски полицаец му овозможил на Јованов мобилен во притвор, поднесена е претставка и претстои суспензија
-
Вучиќ повика на разговори со универзитетските претставници „Што е можно поскоро“
-
Започна протестниот марш „Правда за Фросина“ кои го предводат нејзините родителите
-
22-годишна девојка од Скопје удрена од таксист
-
Шекеринска: Никогаш за никого не сум ургирала
-
Сестрата на Фросина: Бараме одговорност од таткото на возачот и судијката