Македонија
17. July 2020 - 16:50

Течат роковите за приговори до ДИК

Помалите партии бараат увид во неважечките ливичиња, поголеми подготвуваат проговори за изборните резултати.

Партиите Деморати на Јорго Огненовски и Единствена Македонија на Јанко Бачев засега се единствените партии кои до Државната изборна комисија имаат поднесено приговори за постапката на гласање, за што рокот истекува вечерва во 21 часот.

Од партијата Глас за Македонија најавуваат приговори до ДИК за како што велат индиции за тежок изборен факсификат.

На голем број избирачки маеста каде со сигурност гласале наши лица од пратенички листи и нивните семејства, на крајот во записниците немаме гласови. Нашите уредно пријавени набљудувачи, биле избркани од гласачките места. Има голем број неважечки ливчиња, каде е заокружена нашата партија, а потоа ливчето е направено неважечко. Глас за Македонија бара отворање на сите кутии и повторно пребројување на гласаови  и вештачење на неважечките ливчиња. Ако ова не се направи барааме понишување на изборите се вели во писмената реакција на партијата.

Во меѓувреме тече и рокот за приговри за изборните резултати кој истекува утре во 19:30 и за кој се очекува да се жалат поголемите политички партии.

Од СДСМ веќе изразија сомнеж за податоците објавени од ДИК каде според нив се забележани недостатоци и грешки кои даваат неточна слика за изборниот резултат.

Лидерот на  ВМРО-ДПМНЕ  пак вчера најави дека правниот тим на партија ги разгледува можностите за поднесување приговори.

Сомнеж во изборните резулатати изрази и Алијансата за Албанците.

Според конечните неофицијални резулатите кои вчера ги објави ДИК, Коалицијата Можеме освои 46 пратеници, Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ освои 15 пратенички места, Колаијата на Алијанса и Алтернатива 12, Леција два, а ДПА еден мандат.