Театарската претстава „Прекината одисеја“ вечерва во Струмица
На големата сцена во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица вечерва гостува претставата „Прекината одисеја“ од Роберт Урбањски, во режија на Јацек Гломб, која ја изведува Македонскиот народен театар во соработка со театарот „Хелена Моджејевска“ од Полска.
Драган Маџиров, раководител на театарот „Антон Панов“ во Струмица информира дека темата на претставата за голготата на децата бегалци од Егејска Македонија, која завршила во Полска каде што домаќините им дале „топло добредојде“ треба да ги оживее страдањата, спомените преку култура, уметност и театарски чин.
- Ние како град Струмица имаме голем број вакви стории, луѓе кои од Егејска Македонија го проживеале истиот пат. Во претставата нема да зборуваат само историски факти, зошто тоа е работа на историчарите, туку ќе зборуваме преку културата, уметноста, театарскиот чин. Полска е толку далечна, но сепак преку оваа претстава може да видиме дека е и блиска на нашиот, македонски народ, додаде Маџиров.
Во претставата, која во првиот дел ќе ја пренесат актери од полскиот театар, а во вториот актери од МНТ, струмичката публика ќе ги види за неа познатите сограѓани Томе Витанов и Борче Начев, како и Владо Јовановски, Софија Насевска Трифуновска и Снежана Коневска Руси кои биле дел од струмичкиот театарски ансамбл.
Претставата „Прекината одисеја“ е во турнеја низ Македонија. По изведбата во Скопје, Куманово и Велес, вечерашната во Струмица, на ред се театрите во Штип, Охрид, Битола и Прилеп.
Ново на Сител
-
Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина
-
Фон дер Лајен, Макрон и Мерц: Построги санкции ако Русија одбие примирје
-
Индија и Пакистан потврдија за договорен прекин на огнот со посредство на САД
-
Одбележана 10 годишнина од настаните во Диво Насеље
-
Турчин во Скопје со капак од шахта удирал по глава свој сонародник, пробал да го убие
-
Вработена во основно училиште пријавила дека била нападната од ученик
-
Жената која беше пријавена за исчезната, пронајдена почината
-
Федерер за последниот натпревар: Му кажав работи на Ѓоковиќ кои го разнежнија