Тажна вест за музичкиот свет: Се самоуби уште еден познат пејач
Пејачот на групата „Линкин Парк“ Честер Бенингтон изврши самоубиство во својата куќа во Лос Анџелес. Тој имаше 41 година.
Неговото тело беше пронајдено вчера, околу девет часот по локално време.
Според наводите на сајтот ТМЗ, Бенингтон се обесил.
Пејачот со години се мачеше со злоупотреба на дрога и алкохол, а во минатото во повеќе наврати изјави дека размислувал за самоубиство, бидејќи кога бил момче, бил злоставуван од постар маж.
Бенингтон го изврши самоубиството на денот на роденденот на Крис Корнел, пејачот кој неодамна исто така се самоуби со бесење. Тој и Бенингтон беа блиски пријатели, а покојниот пејач на „Линкин Парк“ напиша отворено писмо на денот на самоубиството на Корнел, наведува ТМЗ.
Зад себе остави жена и шест деца.
Линкин Парк стана познат со песните Faint, In the end, Crowling и многу други.
Ново на Сител
-
Мерц: Трамп ја прифати поканата да ја посети Германија
-
Се распаѓа сојузот Маск–Трамп: меѓусебни обвинувања и пад на акциите на Тесла
-
ЈСП - Скопје: За продолжениот викенд неделен возен ред
-
ЈПДП: Нема отстапки од планираниот период за пуштање на дел од автопатот Кичево-Охрид
-
Верниците од исламска вероисповед го слават Курбан Бајрам
-
Лекари без граници: Лекари од Газа даруваат сопствена крв на пациенти откако десетици луѓе беа застрелани и бараа помош
-
Сончево и многу топло, попладне дожд и грмежи
-
Со „Сино знаме“ наградени 64 плажи и две марини во Република Кипар