Живот
11. November 2017 - 17:41

Тажна вест: Почина познат писател од Охрид

- Во Охрид, вчера во 83-та година од животот почина Есад Бајрам, писател од турска националност во Македонија, соопшти Друштвото на писателите на Македонија.

Есад Бајрам е роден во Охрид, во 1934 година. Беше писател и општествено-политички работник. Член на ДПМ беше од 1987 година.

Како поет,  раскажувач и писател за деца, Есад Бајрам зад себе остави низа книги објавени на турски и преведени на македонски јазик. Меѓу неговите дела се стихозбирките: „Плетенки“, „Дневни прошетки“, „Палата на душата“ и „Диван“, збирката раскази „Пеливани во кујната“ и книгите за деца „Буквар в срце“ и „Ѕвездени бакнежи“.

Посмртните останки на Есад Бајрам беа погребани денеска, во Охрид.