-->
-->
Тажна вест: Почина познат писател од Охрид
-->
- Во Охрид, вчера во 83-та година од животот почина Есад Бајрам, писател од турска националност во Македонија, соопшти Друштвото на писателите на Македонија.
Есад Бајрам е роден во Охрид, во 1934 година. Беше писател и општествено-политички работник. Член на ДПМ беше од 1987 година.
Како поет, раскажувач и писател за деца, Есад Бајрам зад себе остави низа книги објавени на турски и преведени на македонски јазик. Меѓу неговите дела се стихозбирките: „Плетенки“, „Дневни прошетки“, „Палата на душата“ и „Диван“, збирката раскази „Пеливани во кујната“ и книгите за деца „Буквар в срце“ и „Ѕвездени бакнежи“.
Посмртните останки на Есад Бајрам беа погребани денеска, во Охрид.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пеколните горештини ги полнат невролошките одделенија во болниците
-
Мрежите духови закана за живиот свет во езерото
-
Ретка болест на нервните завршетоци констатирана кај 30 пациенти од истокот
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: Нема лекови на Онкологија
-
Муретзани: Интеграциите да не се билатерализираат
-
Тема на денот со Игор Митревски, инженер за безбедност во сообраќајот
-
Приведени 77 лица, повредени 48 полицајци - Вучиќ најави „нема веќе помилувања, време е за одговорност“