Тажна приказна се крие зад песната Ѓурѓовден - настанала во „ возот на смртта“
Прочуената песна Ѓурѓовден натсанала во „ возот на смртта“ кој патувал од Сараево за јасеновац, сведочи професорот жарко Видовиќ, историчар на уметноста од Сараево кој бил во озогласениот логор во 1942 година.
Кога гладните и жедни Срби кои на Ѓурѓовден во вагоните биле транспортирано за озогласениот логор, почнаа да викаат и да бараат помош, еден Сарајлија прв пат запеа: “Proljeće na moje rame slijeće, đurđevak zeleni, svima osim meni..."
Како што вели овој историчар , Србите во 1942 година на Ѓурѓовден биле затворени во сточни вагони и по наредба на НДХ, полицијата ги носела на „ ѓурѓовденско мачење“.
Според неговите зборови, на патот кон казамот затворениците во вагоните биле без храна и вода и почнале да паѓаат во криза од паника.
Во општиот хаос, еден од нив, за кого се тврди дека бил член на сараевската „Слога“, од гордост и пркост, прв пат ја запеа “Proljeće na moje rame slijeće, đurđevak zeleni, svima osim meni – Đurđevdan je!”.
Усташите поради песната „ Ѓурѓовден“ ги затвориле вратите на вагоните, а затворениците останале без воздух збиени едни до други.
Од 3000, колку што тргнале од Сараево, во Јасеновац стигнале 2.000 лица, а од нив само 200 на крајот од војната ја преживеале оваа тортура.
Подоцна песната ја надоградил Горан Бреговиќ, а најпозната изведба е на „Бјело дугме“. Исто така оваа песна е неофицијална химна на навивачите на Црвена ѕвезда.
Ново на Сител
-
МНР: Софија се обидува одговорноста за неисполнетите меѓународни обврски да ја префрли на Скопје
-
АФП: Растат тензиите во Србија пред саботниот протест
-
Ушаков: Предложениот прекин на огнот не е ништо друго освен привремен одмор за украинската војска
-
Полската влада го критикува претседателот Дуда дека бара нуклеарно оружје преку медиумите
-
Претреси на подрачје на СВР Струмица, пронајдена дрога, приведени дилери
-
АХВ: Ветеринари и полицајци биле спречени од сопственици на говеда да извршат контроли врз добитокот | ФОТО
-
Распишана потерница по 43 годишен кумановец, при претрес во домот била пронајдена дрога
-
Во текот на вчерашниот ден констатирани 706 сообраќајни прекршоци