Таунзенд: Во Ирак и Сирија се уште има меѓу 12.000 и 15.000 борци на ИД
Терористичката група Исламска држава се уште брои меѓу 12.000 и 15.000 борци во Ирак и Сирија, изјави американскиот генерал Стивен Таунзенд, кој командува со воените сили на колацијата во борбата против ИД во Багдад.
- Процена на разузнавачките служби е дека нивниот број е меѓу 12.000 и 15.000 борци во Ирак и Сирија, истакна Таунзенд преку видео-врска од Ирак.
Во 2015 и 2016 година Пентагон сметаше дека борците на ИД се меѓу 20.000 и 30.000.
- Командниот состав на џихадистите претрпе тешки удари, нагласи американскиот генерал.
- Речиси целото опкружување на лидерот на ИД Абу Бакр ал Багдади „е убиено во последните шест до девет месеци“, со прецизни удари, објасни Таунзенд.
- И покрај тоа џихадистите остануваат опасни противници. Не очекуваме ненадеен пад на борбениот дух на ИД во Мосул, големиот северен ирачки град, каде има уште околу 2.000 џихадисти, нагласи генералот.
Тој потенцираше дека дел од нив ќе избегаат со нападите на ирачките сили, но останатите ќе продолжат да ги извршуваат наредбите или да се борат до смрт.
На 19 февруари ирачката војска започна операција за ослободување на западниот дел на Мосул.
Ново на Сител
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни
-
Сведокот Трајковски: „Ситроенот“ на снимките ми падна во очи, многу чадеше и бавно возеше
-
Васил Јованов доби 3 години и 10 месеци затвор – неговите родители изразија сочуство
-
Власта ги поднесе интерпелациите за 5 члена на Судскиот совет
-
Тестови за дрога на лице место заострување на казнената политика: Јавна расправа во Собранието по усмртувањето на Фросина
-
СДСМ бара оставка од Попов: Возел пијан, без возачка и предизвикал сообраќајка во која повредил жена