Таткото на Моника Конопова покрај неа ја претепал и нејзината мајка
Во однос на фотографиите објавени на социјалните мрежи на кои се гледа лице со повреди на главата, ја информирам јавноста дека вчера во вечерните часови полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Р.(64) од Скопје поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело по член 130 од кривичен законик и се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, објави техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев на Фејсбук.
-Имено, Министерството за внатрешни работи во конкретниот случај постапуваше по пријава од страна на М.Р. (31) дека таа и нејзината мајка К.Р.(62) по претходна расправија биле физички нападнати од нејзиниот татко С.Р.(64) при што и биле нанесени телесни повреди.
Како министер, но пред се како човек го осудувам секој вид на насилство, особено семејното насилство кое е насочено врз жените. Ги охрабрувам граѓаните да ја пријавуваат секоја форма на насилство, а Министерството за внатрешни работи ќе постапува професионално во насока на целосно расчистување на истото, вели министерот Наќе Чулев, во својата објава.
Активистката Моника Ристеска, минатата ноќ на социјалните мрежи објави вознемирувачки фотографии како е брутално претепана од нејзиниот татко Стојан Ристески.
За потсетување активистката за легализирање на марихуаната, беше осудена на една година затвор.
Ново на Сител
-
Ангелов: Би работел за СДСМ но за плата од 5000 евра
-
МЗШВ: Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје
-
Македонија и 11 членки на НАТО ја зајакнуваат соработката за обука на воени пилоти
-
ССМ на 2 април на протест поради одлуката на Врховниот суд, ќе протестира и на 1 мај
-
Полицајци спроведуваат политичка кампања, училиште претворено во штаб на ДУИ
-
Приведено уште едно лице за убиството на докторот во Железара
-
Вработените во здравството најавуваат протест на 8 април
-
Битиќи: Работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори во 2025