Џет-Сет
13. May 2017 - 19:51

Таткото на Марија Шерифовиќ открива ужасни детали: Страшно е на кој начин ќерка ми ја изгуби невиноста

Поранешниот маж на Верица Шерифовиќ и татко на пејачката Марија Шерифовиќ, Рајко е огорчен на ќерката и некогашната сопруга.

Тој тврди дека Верица со лажен сведок го пикнала во затвор, а најтешко му паѓа што Марија ја поддржува мајка си, додека воопшто не помислува не него.

-Марија за се што направи нејзината мајка не рече ништо. Таа е со Верица, не се јавува на телефон, на пораки, на повици... За неа не сакам да зборувам, а ако ме закачи, тоа ќе биде фељтон. И за неа има многу страшни работи, од губењето на нејзината невиност, па понатаму. Цел Крагуевац знае, не постоеше најскапа работа која јас не и ја купив, немаше патики или телефони што ги немаше. Кога требаше да се прави првата плоча, кај најскапиот македонски композитор отидовме да и го направи целото ЦД, никогаш не сум бил лош кон неа, а таа не ме сака. За сите овие години колку пее и работи, не знам дали 6 пати ми испратила по 100 евра, вели Рајко открива дека не му пречи тоа што неговата ќерка е лезбејка.

Foto: Damir Dervišagić
 

„Марија е прилично палава девојка, неа само пари ја интересираат и ништо друго. Тоа што е нејзино определување да биде лезбејка, тоа не ми пречи воопшто, тоа е нејзина рабта, така е родена, но ми пречи што само парите и се во глава и како да земе што повеќе за себе. Па и таа исповед што ја правеше за себе, мотив и беше само да земе пари, се соголи себеси и се фрли на дното, призна дека е лезбејка само за да земе пари. Даниел Шерифовиќ, мојот син се однесува како да живеел со мене, а никогаш ништо не сум му дал, но тој е поинаку воспитан, заврши училиште и стана професор. Нему му е криво што ова мене ми се случува, се прашува дали е можно, се гледа дека се јаде, рече таткото на Марија Шерифовиќ за новиот број на магазинот „Скандал“.

Foto: Aleksandar Jovanović