-->
-->
Таткото гледал како сопругата го фрла нивниот син од терасата
-->
Таткото на шест годишното момче кое е тешко повредено откако неговата мајка го фрли од терасата на станот на 4-тиот кат, целата драма ја гледал од пред зградата.
Очевидци на настанот во Хиподром велат дека таткото ја убедувал сопругата да не прави такво нешто, но бидејќи не бил сигурен повикал неколку лица за да му помогнат и да го пречекаат детето долу, доколку се случи најстрашното.
Разубедувањата не помогнале, мајката го седнала детето на оградата од терасата и го турнала. Малото момче удрило со глава во метална шипка на третиот кат, а со возило на Итна медицинска помош било веднаш пренесено во Ургентниот центар. Лекарите констатирале дека шестгодишниот Марко има фрактура на черепот, но се наоѓа надвор од животна опасност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Папата Лав Четиринаесетти повика да се дозволи влез на хуманитарна помош во Појасот Газа
-
Приведен измамник од Велес, на интернет продавал наводно благословени предмети
-
Во МЕПСО им се барало мито на инвеститори, Мицкоски очекува наскоро да бидат обелоденети ваквите тврдења
-
Фрлил шише со запалива течност на влезна врата од казино во Чаир, пробал да го запали
-
Двајца основци од училиште кај Бит Пазар нападнале соученик со остар предмет
-
19-годишен возач со „БМВ“ удрил 81-годишен пешак во Тетово
-
Мицкоски: Не го знам името на новиот гувернер, ќе имам средба со претседателката
-
Каја Калас во петок во Скопје на средба со премиерот Мицкоски