-->
-->
Татко си го избодел својот 22 годишен син во угостителски објект на Бит Пазар
-->
На 14.01.2023 во 17.00 часот на ул.„Решад Џафери“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар го лишиле од слобода А.С.(46) од Скопје.
Тој се сомничи дека околу 14.00 часот во неговиот угостителски објект на Бит Пазар со нож му нанел повреди на неговиот син В.С.(22), кој бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување помош. Полициски службеници извршиле увид и ножот бил пронајден и одземен.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, Одделението за семејно насилство - Единица за насилен криминал при СВР Скопје ќе поднесе соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Забраната за пиротехника во затворени простори утре пред пратениците
-
ДУИ: Зошто владата ја крие вистината за врските на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
Кај шест пациенти во „Св. Наум Охридски“ е извршена трансплантација на кожа
-
СДСМ обвинува за нови сканадали во Министерството за дигитална трансформација
-
Македонија е атрактивна дестинација за нуркачите од светот
-
За прв пат од постоењето ќе се гради асфалтен пат до ски терените во Крушево
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Васко Наумовски