Живот
26. January 2016 - 12:47

Татко на годината: Болниот син на раце го изнесе да го почувствуа дождот

Анонимен татко од Бразил стана голема ѕвезда на интернет откако на сите социјални мрежи се прошири снимката на која во раце го носи својот син...
 
- Сакам да бидам барем половина човек каков што е овој татко, искоментира еден корисник на Јутуб под видеото и ја сумираше целата поентана оваа снимка.
 
Снимката ја објавил Маркос Винициус Петри, а видеото за 24 часа го погледале повеќе од 320 илјади луѓе.
 
Авторот на видеото објаснил од што оледува момчето од снимката, но тоа не е важно. Важно е дека таткото со своето дело му предизвика насмевка на лицето.
 
Поглчеднете го видеото: