Татко монструм: Го избодел синот зошто паднал на испит
Јапонецот Кенго Сатака (48) го избодел до смрт својот 12-годишен син зошто не успеал да го положи примениот испит за средно училиште/
Како што пренесува локалната телевизија НХК, Кенго во полиција рекол дека се карал со својот син зошто тој не сакал да учи пред да оди на тестот за упис во едно приватно средно училиште.
АФП јавува дека детето што се викало Риота умрело во неделата во болница, поради губење на многу крв, што беше потврдено и од полициската управа во Аичи во Нагоја.
Таткото е успсен бидејќи лекарите повикале полиција, на која Сатака им рекол дека Риота се „избодел случајно“.
НХК пренедува дека детето се надевало дека ќе се запише во едно од најдобрите приватни училишта во Аичи, додека таткото постојано го критикувал поради учењето/
Како што јавуваат локалните медиуми мајката за време на трагичниот инцидент била на работа.
Ново на Сител
-
Прес-конференција на Коцевски
-
Филипче: Со ново задолжување од 6 милијарди евра јавниот долг ќе надмине 115% од БДП
-
Предлогот Трајко Славески да биде гувернер е во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи
-
СДСМ: Предлогот Трајко Славески да биде Гувернер значи погребување на последната независна институција
-
Каја Калас утре во Скопје, Мицкоски ќе ја пречека со веќе познатите ставови за уставни измени
-
Повеќе од 2000 претставки минатата година пристигнале на адреса на Народниот правобранител
-
Преглед на вестите од светот
-
Трајко Славески предлог на претседателката Сиљановска Давкова за нов гувернер на НБРМ