Македонија
16. December 2021 - 17:32

Татко истепал две деца кои претходно го истепале син му

Ученици тепале соученик, тој го викнал татко си па тој ги истепал двајцата.

- На 15.12.2021 околу 08.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во основно училиште на подрачјето на Чаир, по претходна расправија, ученик бил физички нападнат од други двајца ученици.

Според пријавеното, потоа во училиштето дошол Р.В., татко на нападнатиот ученик, и физички ги нападнал другите двајца ученици.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.