Македонија
24. November 2016 - 15:40

Ташевска-Ременски го посети семејството Петровиќ од Волково

Министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски денеска го посети семејството Петровиќ од Волково, кое има две деца со посебни потреби. 

Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, ова повеќечлено семејство, односно нивните две деца се корисници на постојана парична помош и посебен додаток за дете.

Ташевска-Ременски се запознала со предизвиците на семејството, а двете деца добиле колички, обезбедени од Министерството.