Тасевски: Вчера СДСМ го врати ДПМНЕ во живите
- Ајде да бидам сериозен, без клацкања, тртења, нагузуења и слично.
Вчера СДСМ го повампири ДПМНЕ, го врати во живите. Стево имаше луда среќа што не загуби со неколку илјади гласа покрај сета логистика и поддршка што ја имаше од внатрешните полтрон-пајтон партии, малцинства, владеачката СДСМ и надворешните моќни играчи како НАТО и ЕУ. Затоа неговата предност од 3000 гласа е пелин на усните. ВМРО од клечење му акна кроше и аперкат.Но…Дали тоа значи победа на професорката во вториот круг. Ротквици стругани. Пак Албанците ќе шутираат пенал во судиското време. Се знае за кого ќе гласаат онолку колку што треба, за тој да победи. Можете да врескате, да се џилитате и скокате, реалноста е таа. Оние кукларите што ги влечат конците не се луди да одат на all in со кандидат што го доживуваат како Хорхе 2. Еднаш им се измочаа во супата. Не им се ризикува вторпат за толку кратко време. Или у превод, ВМРО ДПМНЕ се уште е под казна, у ќоше, клечи на зрна пченка и ќе мора умерено да пати у опозиција барем до парламентарните избори. Затоа натпреварот наречен втор круг ќе трае ако мора и 105 минути се додека Стево не даде гол, ако треба и со рака. Они одозго не питају, него раде. Сето останато е паламудење, ова на својот Фејсбук профил го напиша актерот Сашо Тасевски за по вчерашните резултати за претседателските избори.
Ново на Сител
-
Почната постапка за промена на повеќе закони за ставање во функција на системот „Безбеден град“
-
Руски напади со дронови врз повеќе места во Украина, Киев гаѓаше цели во јужна Русија
-
Трамп го потпиша „Големиот прекрасен закон“
-
Тошковски: Секој кој се осмелил да краде од народот ќе се соочи со одговорност
-
Додик сослушан во Обвинителството на БиХ во Сараево, притворот му е укинат
-
Мицкоски: Расте македонскиот извоз, повеќе пари за граѓаните
-
Трамп: Путин е свесен дека се можни нови американски санкции
-
Најмалку 24 загинати во поплавите во Тексас, меѓу нив и деца