Таравари: Се враќаат пет пациенти од Шпанија и еден од Грција
Во моментов во државата се лекуваат 23 пациенти кои беа повредени во пожарот во Кочани, повеќе од 20 се пуштени на домашно лекување. Во Клиничкиот центар се само четворица, двајца на Клиниката за пластична хирургија, двајца на Токсикологија, девет пациенти се во Градската болница „8 Септември“ од кои еден е за испис и во Систина се лекуваат четворица пациенти. Бројот на пациенти кои се лекуваат во странство сега е 113, информира денеска на прес-конференција министерот за здравство Арбен Травари.
Таравари кажа дека пациентите кои се сместени во Систина се во стабилна состојба и дека во наредните денови ќе информираат кога ќе бидат пуштени дома. Пациентите, пак, кои се лекуваат во странство почнуваат постепено да се враќаат дома.
-За оние кои се лекуваа надвор од државата имаме добри вести. Денеска веќе не се бројка 116 туку 113 што се лекуваат. Вчера еден пациент е вратен од Србија и една пациентка е вратена од Бугарија. Денеска се враќаат пет пациенти, четворица од Шпанија и еден од Грција, рече Таравари на прес-конференцијата.
Во првите 24 часа по враќањето, како што е предвидено по протокол, оние пациенти што се враќаат во земјата ќе бидат сместени во некои од клиниките каде ќе треба да бидат под надзор.
Ново на Сител
-
ДКСК бара ревизија на законите за издавање лиценци
-
Панел дискусија: Борба против корупцијата - иновации против нелегалната моќ
-
Објавен годишниот извештај за почитување на човековите права
-
Формирање на задруги за подобар пласман
-
Преглед на вестите од светот
-
Од петок маркетите ќе ги објавуваат цените на сите производи на интернет
-
Ја менува ли политиката Германија кон проширувањето
-
Мицкоски во Обединетите Арапски Емирати