Македонија
7. July 2022 - 14:43

Таравари: Протестите на места каде што мнозинството се Албанци е провокација

Таравари денеска во Студио 10 изјави дека протестите пред приватен хотел или во населба каде повеќето се Албанци е провокација. Хотелот завчера бил демолиран од протестантите и тоа било пријавено во полиција.

-Зошто баш во тој хотел, не ми е јасно и зошто баш вчера повторно одеа таму? Не оправдувам користење на оружје, ама да се провоцира луѓе сме, и реагираме афективно. Сите би реагирале исто, рече Таравари.