Таравари пред состанокот за влез во влада: Се уште немаме понуда
Алијанса на Албанците го почна состанокот на претседателство на кој ќе се носи конечната одлука за тоа дали партијата ќе влезе во владата на Ковачевски и ќе го засили мнозинството со дополнителни 8 пратеници.
Неофицијалните информации се дека мнозинството членови на партијата се за влез во владината коалиција. Сепак, лидерот Таравари пред спстанокот не сакаше да ја прејудицира одлуката.
- Да видиме како ќе одлучи претседателството. Мојот личен став ќе го соопштам од кога ќе ги чујам сите размислувања - рече Таравари.
Сепак тој потврди дека вечерва ќе сд формира преговарачки тим, иако конкретна понуда од Ковачевски нема.
- Нема понуда. Да, ќе формирсме преговарачки тим - рече тој.
Таравари пред два дена токму од Сител го испорача условот до Ковачевски дека би влегов во владата ако има гаранција за 80 пратеници за потребните уставни измени, во спротивно рече дека партијата нема да влегува во коалиција за да спасува друга партија.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар