Таравари: Пациенти кои вчера не се пријавиле се пријавуваат денес во болница
Министерот за здравство Арбен Таравари денеска на прес-конференција информира дека пациентите од пожарот во Кочани се во генерално стабилна состојба, а 20 пациенти се во критична состојба. Тој најави дека можни компликации се очекуваат денеска и утре. Како што рече, има нови пациенти кои биле дел од трагичниот настан во Кочани, но не се пријавиле вчера, туку се пријавиле денеска.
- Завршивме со состанокот на Кризниот штаб и направивме пресек на состојбата. За среќа, пациентите кои што беа донесени вчера во болниците низ државата се во стабилна состојба. И тие што беа пренесени надвор од државата, вкупно 51 до сега, сите се во генерално стабилна состојба. Но, се појавува еден нов проблем да има пациенти кои вчера не се јавени, и денеска се јавуваат. Јас би сакал да упатам порака до сите што биле дел од трагичниот настан во Кочани, а не се пријавиле вчера, ги молам денеска да се пријавуваат, рече Таравари.
Како што рече, сите пациенти кои беа во Кочани и Штип, сега се сместени во Скопје. Во Кочани и Штип повеќе нема пациенти.
Таравари подвлече дека ситуацијата е под контрола и очекуваат помалку компликации.
Во пожарот загинаа 59 лица, а од повредените во државава се лекуваат 84 пациенти, а во странство 51 пациент.
Ново на Сител
-
Ѓоковиќ убедлив против Британецот Еванс
-
Амнести интернешнл обвинува: Израел ја милитаризира хуманитарната помош заради продолжување на геноцидот
-
Голем пожар во близина на Атина
-
Путин најави телефонски разговор со Трамп
-
На 11 и 12 јули Кратово по осми пат ќе биде домаќин на Фестивалот ‘Златни денови’
-
Изгаснат пожар во фабрика за стиропор во Кочани
-
Во Скопје еспресо 150 денари, во Софија две евра - ниски платите во угостителството и туризмот
-
Во земјава има поголем број осигуреници на здравствено осигурување од бројот на жители