Таравари очекува од 40 до 50 пациенти кои се лекуваат надвор од државата да имаат потреба за подолготрајна рехабилитација
Министерот за здравство Арбен Таравари очекува од 40 до 50 пациенти кои се лекуваат надвор од државата, по трагичниот настан во Кочани, да имаат потреба за подолготрајна рехабилитација. Тој повтори дека има држави кои се подготвени, доколку имаме потешки случаи за рехабилитација, да ги примат овие пациенти.
- Процесот на рехабилитација на пациентите кои се лекуваат по трагичниот настан во Кочани ќе биде долг и макотрпен, меѓутоа таква е ситуацијата. Мораме да се соочиме со тоа и мораме добро да одговориме и на оваа фаза. Ги поминавме првите десет дена и барем досега резултатите се добри. До денеска нема починати, иако имаме четири пациенти во критична состојба. Сега сме во втората фаза на компликации и рехабилитации, посочи вечерва Таравари во гостувањето на телевизија „Сител“.
Додаде дека компликации очекува да има една до две недели, а за одредени пациенти рехабилитацијата веќе е почната и може да трае од неколку недели до неколку месеци.
- За жал, генерално се работи за деца од 15 до 25 години. На нив многу им значи не само физичкото здравје, туку и естетскиот изглед, а се работи за изгореници што можат да остават лузни и кои би можеле да ги стигматизираат во општеството. Како држава ќе се обидеме максимално да бидат рехабилитирани и третирани, за што понормално да го продолжат нивниот живот, рече Таравари.
Во однос на тоа дали се размислува за Центар за рехабилитација, Таравари рече дека од идната недела ќе се разговара поконкретно во однос на ова прашање.
- За специјален Центар за рехабилитација никогаш не сме размислувале ниту постоел во државата, но како држава треба сериозно да размислиме дека ни треба таков центар. За две недели не можеме да го изградиме. Една опција се болниците кои имаат помала искористеност, односно имаат помалку пациенти, а друга опција се ресурсите кои не се користени - спрат во некоја болница или здравствен објект којшто помалку се користи. Меѓутоа пред се, важни ни се човечките ресурси, треба да имаме луѓе кои ќе бидат професионални, рече Таравари.
Ново на Сител
-
Марта Кос: Владата во Србија не исполни ниту една од реформите што ги вети во декември
-
Управувал возило со 1,58 промили алкохол во крвта, приведен 68-годишник од Ресен
-
ФБИ ќе го зголеми фокусот кон илегалната имиграција
-
МВР: Апел до граѓаните да внимаваат на лажни е-пораки – фишинг линкови
-
Најмногу дожд во Струмица
-
ДЗР: Од 34 општини 22 не го исполнуваат стандардот за озеленетост од 25 м2 по глава на жител
-
Министерката Јаневска ќе се обрати на Самитот Македонија 2025 на панелот посветен на образованието на иднината
-
Повремените врнежи поволни за земјоделството, производителите да преземаат мерки против појава на плевели, болести и штетници