Таравари најавува законски измени за департизација на здравството
Граѓанската сила “Замисли” информираше дека акцијата за департизација во процесот на вработување на здравствените работници има поддршка од Министерството за здравство, за што се изрази благодарност, преку ветување дека предложените измени ќе бидат дел од новиот Закон за здравствена заштита.
„Се подготвува нов Закон за здравствена заштита, којшто треба да биде готов до крајот на оваа година. Работат експерти и правници, кои цел живот работеле здравство. Јас би сакал јавно да им се заблагодарам на сите невладини организации коишто сакаат да помогнат во градење подобри институции на државата. Вие давате придонес, сите вие што учествувате во иницијативата, така што не би можел да замислам државна институција, министерство или Влада што ќе работи на слепо, без да ги слуша тие што се ‘out of the box’, надвор од тоа што се случува во нашето секојдневно работење. Вие имате позитивен удел, барем зборувам за мене како министер, а се надевам и во другите државни институции“, истакна министерот за здравство Арбен Таравари во видео материјалот направен за потребите на акцијата на „Замисли“.
Претставници на “Замисли”, инаку, ќе бидат дел од работните групи кои ќе го изработуваат новиот Закон, а од медиумите побараа да се врши јавен притисок и за овој процес да биде максимално транспарентен и за надлежните да си го одржат зборот.
Ново на Сител
-
Зеленски предвреме ја напушти Белата куќа, откажана и прес-конференцијата
-
Зеленски четири пати им се заблагодари на Трамп и на САД
-
Макрон по прекинатиот разговор Трамп-Зеленски: Има агресор, а тоа е Русија
-
Белата куќа: Договорот за минерали меѓу САД и Украина не е потпишан
-
Трамп до Зеленски: Ризикувате да започнете Трета светска војна
-
Тошковски: Затворот Скопје функционирал повеќе како туристичко-угостителско правно лице, отколку како затвор
-
Трамп го прогласува англискиот за службен јазик во САД
-
Физички нападнат 23-годишник од Илинден пред ноќен клуб