Македонија
18. November 2022 - 16:42

Таравари на средба со Ковачевски - Најава за нов владин партнер со повеќе услови

Алијанса за Албанците не добиле понуда за влез во владата . В.д претседателот на партијата Таравари по двочасовната средба со премиерот Ковачевски најави дека доколку се случи тоа нема да ги поминат нивните црвени линии. Разговарале за европската агенда на државата

Премиерот Ковачевски негираше преговори со Алијанса, откако на лидерската средба јасно беше посочено дека една опозициска партија која има 8 пратеници веќе преговара со мнозинството.  За него средбата бола продолжување на лидерската средба, а најави средби и со другите партии.

Додека Ковачевски и Таравари тврдат дека нема понуда за проширување на владата од „Огнената група“ за Сител велат дека тоа веќе се договара.

Влезот на Алијанса е очигледен. Ако тие влезат во Влада ние ќе делуваме како фракција на ДУИ, тоа ќе го кажеме и утре на состанокот во Мала Речица. За нас не е сватливо зошто и се дава ваква понуда на Алијанса кога таа и до сега како опозиција даваше поддршка за европските закони. Иако се договара ширење на коалицијата власта нема да обезбеди 80 пратеници, велат од огнената група во ДУИ за Сител.

Од Алтернатива пак го извештиле евроамбасадорот Гир дека преку писмо го потсетуваат Ковачевски зошто влегле во владината коалиција. Не остпуваат од нивните барања да се добие меѓународна помош за преиспитување на судски случаи и пресуди во кои се осудени Албанци, како што се Монструм, Диво насеље и други предмети.

Иако се тврди дека нема понуда за проширување на коалицијата, сепак неофицијално три министерски и три заменички позиции ќе добие  Алијанса за Албанците доколку стане дел од владејачкото мнозинство. Партиски извори брифираат дека во игра е министерството за здравство, кое е сега кадар на Алтернатива. Паднала понуда и за министерството за земјоделие, образование и животна средина, но не се откриваат дали ДУИ ќе отстапи дел од своите министерски позиции за да обезбедат поголемо мнозинство во Парламентот.  Според брифинзите на партијата на Таравари и  се ветуваат и 30 директрски позции...

 За опозицискиот лидер Мицкоски , средбата Ковачевски – Таравари не е за изненадување.

Ваквите средби се  јасна порака до граѓаните како да постапуваат на следните избори. Ако Алијанса стане дел од владата на СДСМ и ДУИ, тогаш тоа е комплетно политичко скршнување од тезите кои беа кажувани изминатиот период., вели Мицкоски во однос на евентиален влез на Алијанса во Влада.