Таравари: Извештајот за прогресот на Европската комисија кажува дека во земјава законите не се спроведуваат
– В.д претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари во партиското седиште преку прес-конференција претстави анализа која партиски експерти ја направиле по повод најновиот Извештај за прогресот на Европската комисија за 2022 година. Според него, најмногу во извештајот се зборува за корупцијата во земјата и дека не се спроведуваат законите.
-Главниот збор на овој Извештај за прогресот е корупцијата. Зборот„корупција“ се појавува во извештајот ни помалку ни повеќе од 67 пати, потврдувајќи го она што постојано го кажуваме, односно дека корупцијата во Северна Македонија за време на владеењето на СДСМ-ДУИ достигна алармантни и невидени нивоа. Извештајот за прогресот исто така потврдува и една друга вистина постојано потенцирана од страна на Алијанса за Албанците во последните години, а тоа е дека во нашата земја, законите не се спроведуваат. Наместо ефективна имплементација, постојано се носат нови закони и стратегии со цел на камуфлирање на неспроведувањето на законите за коишто е потребна политичка волја како што се тие од областа на борбата против криминалот и корупцијата, истакна Таравари.
Тој рече дека најголемите неуспеси се токму во областите за кои Алијанса за Албанците континуирано предупредува. Според него тоа се областите кои имаа најголемо влијание врз разочарувањето награѓаните и се најважните области кои една земја кандидат зачленство во ЕУ мора да ги исполни.
–Приоритет на приоритетите во преговорите со ЕУ е владеењето на правото, вклучително и борбата против криминалот и корупцијата, функционалната правда и реформата на јавната администрација, области каде што влада та заостанува според Извештајот за прогресот. Алијанса за Албанците го поздравува повикот на Европската комисија за да се престане со овој пристап и владата да се фокусира во спроведувањето на постоечките закони на место преземање ад хок иницијативи, посочи Таравари.
Според него, Алијанса за Албанците ги преведе техничките проценки на Европската комисија во оценки од 1 до 5.
–На пример, проценката “нема прогрес“ се преведува со единица, додека „многу добар прогрес“ се преведува со петка. За жал, оваа влада доби многу единици и само една петка. Овој извештај го проценува секој сектор според два главни критериуми: подготовката на земјата за преземање на обврските за зачленување во ЕУ и постигнатиот прогрес од претходната година. Значи, во целина, прогресот на Северна Македонија е со недостатоци и се проценува со оценка двојка кога се прави просекот од 6-те кластери, истакна Таравари.
На крајот Таравари рече дека оценката двојка, употребувајќи аналогија со образовниот систем, значи дека се преминува во следно одделение, но само заради атер, што според него го направила и Европската унија за Северна Македонија.
Ново на Сител
-
Во тешка состојба пронајдена двегодишната Дуња откако исчезна од пред семејната куќа во Уб
-
Граѓаните кои сметаат дека сметката за струја е неточна може да поднесат приговор до ЕВН во рок од осум дена
-
Еврокомисијата предлага фонд од 800 милијарди евра за инвестиции во одбраната
-
Апелација ја објави пресудата за Боки 13
-
Њујорк Тајмс: Трамп не ја гледа Украина како сојузник, туку исклучиво преку економски интерес
-
Флик е против враќањето на Нејмар во Барселона
-
Приведен 42 годишник од Чегране, бил баран по потерница
-
Одложен натпреварот Виљареал – Еспањол поради опасност од поплави на стадионот