Таравари: Договорени „поголемиот дел од работите“ за влез на АА во Владата, преговорите треба да завршат до утре
Преговорите за влез Алијансата за Албанците (АА) во владината коалиција се при крај и најверојатно ќе завршат до утре, изјави денеска за МИА лидерот на партијата и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари.
Во однос на преговорите, претседателот на АА појасни дека повеќето прашања се затворени и дека се договорени „поголемиот дел од работите“.
- Се надевам дека денеска или утре конечно ќе ги завршиме прегорите за евентуалниот влез во Владата и тоа официјално ќе го објавиме, рече Таравари
Околу распределбата на функционерските места и министерски ресори, лидерот на Алијансата за Албанците напомена дека за тоа сè уште разговара, па затоа, како што нагласи, не би било коректно да зборува околу тоа во овој момент.
За ова прашање, според него, се уште се водат меѓупартиски консултации на владините коалициски партнери.
- Сè ќе биде појасно до утре, но ќе почекаме на консултациите кои се во тек помеѓу работните групи на партиите од владиното мнозинство, подвлече Таравари.
Ново на Сител
-
Камениот мост осветлен во црвено за подигнување на свеста за туберкулозата
-
Абазовиќ: Предвремени избори што поскоро, но согласно правниот поредок
-
Најмалку 165 лица се повредени во денешниот земјотрес во Иран
-
ДСЗИ: Не се констатирани недостатоци во битолската болница
-
Макрон: Договорот Србија-Косово е важен напредок и треба веднаш да се спроведе во целост
-
Татко од струшко село со дрво ја тепал ќерка си
-
„Студентски отпор“ најави протести доколку не им се исполнат сите барања
-
Двајца малолетници тешко повредени во сообраќајка на регионалниот пат Скопје – Тетово