Таравари: Да не се чудиме ако Гинекологија од утре ја направат ковид центар
Во денешното гостување во Дневникот на Сител Телевизија, Арбен Таравари кажа дека не може да се стигне да се прочитаат сите секојдневни скандали во здравствениот систем.
Тој посочи дека во последните 3 години не е изградена ниту една болница во Македонија, како и ветениот Клинички центар кој доколку е изграден сигурно би помогнал во справувањето со корона вирусот.
- Многу подобро ќе беше да имаме специјален центар. Воената болница има околу 500 кревети, доколку тие се опремени како што треба да се донесат експерти и тоа да биде изолирано место каде што ќе се третираат пациенти заедно со Инфективна клиника и одреден број на кревети во секој град. За жал дојдовме во ситуација каде стихијно и ад хок се носат одлуки, нема слободни места па од утре Очно станува ковид центар, да не се чудиме утре и Гинекологија да ја направат ковид центар. Без стратегија се носат одлуки кои не се адекватни и затоа се случуваат вакви непријатни ситуации кои причинуваат недоверба и незадоволство кај граѓаните, кажа Таравари.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи