Тарабунов и Белов на Фејсбук распукаа по Гоца Тржан
Александар Тарабунов на својот профил на Фејсбук сподели статус поврзан со настапот на Гоца Тржан на Пиво фест во Прилеп и предизвика интересна дискусија со неговите пријатели и колеги на оваа социјална мрежа.
Имено Тара во статусот јавно прашува: А да пишевте дека се уби од фалширање? Али тоа не е битно… Не оправдувам непеачи ,а овој коментар го врза со линк од еден македонски портал кој ја пренесе веста дека на Гоца за време на настапот и светнаа гаќичките и така ја почести публиката на фестивалот но и фотографите со “сочни фотографии“ од нејзиното меѓуножије.
По овој статус на Тара веднаш се разви интересна дискусија. „Бапнала минич, а игра ко сури на времето…ко мадона за пензионери“, се само некои од коментарите под коментарот на Трабунов.
На фејсбук дискусијата се приклучи и колегата на Тарабунов, Александар Белов кој напиша: Немој брат да си толку искрен. Искрено не гледав, не сакам да коментирам ама погледнав едно видео каде ја пее 1200 миљи дуетски со Тоше..и колку и да разбирам ама не можам да сфатам дека кога некој доаѓа во МК и сака да пее песна за публиката, да го испочитува Тошкаа да не го научи текстот и да го чита од телефон …а башка и тоа е нејзина песна..Лаку ноќ приватно.
Извор: Вистина.мк
Ново на Сител
-
Манасиевски: Ако Заев беше главниот ограбувач, Венко е неговата десна рака
-
СДСМ бара од ДКСК итна постапка за тендерот во МВР
-
Преглед на вестите од светот
-
Што содржи предлог-законот за ратификација на договорот со Обединетото Кралство?
-
Tема на денот со Изет Меџити, вицепремиер и еден од лидерите во ВРЕДИ
-
Што содржи предлог-законот за ратификација на договорот со Обединетото Кралство?
-
Кога Владата официјално ќе го предложи Азир Алиу за нов министер за здравство?
-
За три децении 18 министри за здравство – Tаравари со два мандати, Tодоров најдолго во министерската фотеља