-->
-->
„Танц фест“ и годинава во Велес
-->
Во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес и годинава од 9-ти до 21 април ќе бидат изведени дел од претставите на годинашниот „Танц фест“.
Уметничкиот директор на Велешкиот театар Васил Зафирчев денеска на прес-конференција соопшти дека ќе бидат изведени четири танцови претстави: „Стапнувајќи на земја“ - премиера на Скопје танцов театар (9 април); „Боите на танцот“ на Националниот балет од Измир, Турција (12 април); Strates Rualite Dance Company од Париз (19 април) и „Волшебен свет“ - премиера на Скопје танцов театар (21 април).
Во Велес фестивалот е под мотото „Да го промениме духот на градот“. Зафирчев е задоволен од соработката со организаторите на „Танц фест“ и со Македонската опера и балет, како и од минатогодишниот интерес на публиката за фестивалската програма.
- Целта како театар ни беше да им овозможиме на нашите гледачи програмска содржина која го промовира и афирмира танцот, не само современите, туку и класичните форми. Искрено сум задоволен од интересот на велешката публиката за современите форми на танц на минатогодишниот настан. И годинава очекувам уште повеќе публика, истакна Зафирчев.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија ќе ги укине царините кон САД
-
Калас од Скопје: Се уште се надеваме дека планот „А“ ќе успее, но се разгледуваат и други механизми
-
Куќен притвор за поранешните директори на Онкологија
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
7 специјализанти добија решенија во охридската болница
-
Калас од Скопје: Се уште се надеваме дека планот „А“ ќе успее, но се разгледуваат и други механизми
-
Софија бара ослободителна пресуда за основачот на клубот „Ванчо Михајлов“
-
Побаран притвор за поранешните директори