Талибанците почнаа акција против ИД-К во јужен Авганистан
– Талибанците почнаа акција против засолништа на ИД во јужен Авганистан, соопштија официјални лица денеска, по зголемените крвави напади од страна на групата во последните недели.
Операцијата против ИД-К, почна околу полноќ во најмалку четири области на провинцијата Кандахар и продолжи утрото, изјави началникот на провинциската полиција на талибанците, Абдул Гафар Мохамади.
Локалните медиуми цитираа талибански официјален претставник кој рекол дека имало и експлозија во западно предградие на Кабул денеска наутро, но нема жртви.
За три месеци откако талибанците дојдоа на власт, ИД-К е активна во Џалалабад, Кундуз, Кандахар и Кабул. Минатиот месец групата ја презеде одговорноста за самоубиствениот бомбашки напад врз шиитска џамија во Кандахар во кој загинаа најмалку 60 луѓе, а голем број беа повредени.
Ново на Сител
-
Пет лица загинаа, а најмалку 15 се ранети во рускиот напад врз областа Харков
-
Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка
-
Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да се стават во опасност односите со Грција и ЕУ перспективата на земјата
-
Преодно стабилизирање на времето се очекува во петок
-
Косово и САД потпишаа договор за борба против манипулирањето на информации од други држави
-
Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница
-
Лидерите на „ВРЕДИ“ на средба со Албин Курти
-
Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас"