Свет
23. August 2021 - 20:18

Талибанци: Нема нова авганистанска влада додека не се повлече и последниот американски војник

Талибанците нема да го соопштат составот на нивната влада се додека САД не го завршат повлекувањето на своите војници, изјавија двајца извори од движењето за АФП, пренесува БГНЕС.

– Одлучено е формирањето на владата и кабинетот да не се објавуваат се додека е присутен и еден единствен американски во Авганистан, изјавил извор од талибанското движење, што потоа било потврдено и од друг извор.