Талески: Офицерски ќе биде Куќа на културата
Градоначалникот на општина Битола Владимир Талески денеска на прес конференција соопшти дека Офицерскиот дом ќе прерасне во куќа на културата во која ќе се одржуваат различни културни настани, театарски претстави,концерти...
Талески потврди дека почнала постапката за изменетата одлука за продажба на Офицерскиот дом во Битола и овој објект во иднина ќе биде сопственост на општина Битола.
- Во изминатиов период Офицерскиот дом имаше лавиринт од надлежности, но сега на најдобар начин ќе може да се заштити и санира овој објект од големо културно историско значење. Деновиве имаше различни реакции од граѓаните, но ВМРО ДПМНЕ покажа дека има слух да го чуе гласот на народот, постапката за продажба на Офицерски е прекината и сите ние функционерите од ВМРО ДПМНЕ почнуваме постапка за пренесување на Офицерскиот дом во сопственост на општина Битола, рече Талески.
Во 2010 година, појасни, Офицерскиот дом беше даден на користење на општина Битола за период од 20 години, во 2013 година таа одлука беше сменета и Офицерскиот дом беше вратен на државата, а со најновиот предлог се обезбедува најдоброто решение за битолскиот Офицерски дом.
- Ја прифаќам одлуката и се заблагодарувам на претседателот на ВМРО ДПМНЕ кој имаше волја сите нас да не контактира и да најдеме заедничко решение, подобро од претходното. Оваа одлука е на задоволство на сите битолчани и убеден сум дека во 2016 година ќе заврши постапката. Имаме и проекти за да гордоста на Битола, Офицерскиот дом биде во функција, односно Куќа на културата во која ќе има концерти, театарски претстави, промоции, изложби, но и венчална сала за што се планирани околу 2 милиони евра, истакна битолскиот градоначалник Владимир Талески.
Ново на Сител
-
Директорка на државен ученички дом во Битола проневерила 202.500 денари
-
Починат работник донесен во Ургентниот центар во тетовската болница
-
Средба на министерот Муцунски со амбасадорот на Обединетото Кралство, Лосон
-
Позиција на МНР за Заедничката изјава од Литванија во Советот за човекови права на Обединетите нации
-
Филипче на прва координација со пратеничката група на СДСМ
-
Кавадарчанец силувал 26-годишна девојка
-
Вучиќ: Зголемени дејствија на авиони и беспилотни летала со извидувачки намери кон Србија
-
Се тепале татко и син во Куманово, употребен е и нож