Ракомет
26. September 2016 - 9:53

Талески и Душебаев во тимот на колото

Македонскиот репрезентативец Филип Талески и ракометарот на Вардар, Алекс Душебаев се најдоа во идеалната постава за 1.коло од новата сезона во Лигата на шампионите во изборот на ЕХВ ТВ.
 
Металург и Вардар со победи ги започнаа своите настапи во елитното натпреварување, а токму Талески и Душебаев беа најзаслужните за првите бодови.
 
Талески во триумфот на Металург над Елверум постигна 13 од 18 погодоци на неговиот тим, додека Душебаев имаше седум реализации во победата на „црвено-црните“ на гостувањето кај Кристијанштад.
 
ТОП 7 играчи за 1.коло од Лигата на шампионите според ЕХВ:
 
Филип Ивиќ (Киелце, голман), 
Уве Генсхајмер (ПСЖ, лево крило), 
Филип Талески (Металург, лев бек),
Кентин Мае (Фленсбург, среден бек), 
Алекс Душебаев (Вардар, десен бек),
Каспер Емил Килделунд (Холстебро, десно крило) и 
Толга Озбахар (Бешикташ, пивот).
Видеото може да го погледнете тука.