Македонија
22. October 2020 - 10:42

Талат Џафери за законот за мерки: Нема да свикам седница за една точка, ќе имате прилика на 27ми

Законот за заштита на населението од заразни болести на која се владините мерки за корона пандемијата ќе биде ставен на седница дури на на 27 октомври. Собранискиот спикер Талат Џафери, по повод повикот на опозицијата за итна седница за да се изгласаат владините мерки за корона пандемијата, рече дека нема намера да свика посебна седница со една точка бидејки претходното повлекување на Законот било на барање на партиите. 

Веднаш потоа ќе побара од матичната комисија да закаже седница и да се расправаат евентуалните амандмани. 

Законот за заштита на населението е доставен во скратена постапка. Власта вчера го одби предлогот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ не владата, туку независна Комисија од стручни лица изгласана од Собрание да носи задолжителни мерки. По ова ВМРО-ДПМНЕ како што рекоа во име на здравјето на граѓаните, побараа да се свика итна седница на која тие ќе го обезбедат кворумот за да може власта да ги изгласа владините мерки.

 

Катерина Нешкова