-->
-->
Таксист вратил заборавени десет илјади евра
-->
На канадски турист, кој ја заборавил торбата со 10.000 евра во кеш во едно такси во Барселона, парите му биле вратени благодарение на чесниот таксис, соопшти денеска полицијата.
Возачот ја оставил торбата во полициска станица во Барселона откако сфатил дека патникот ги заборавил своите работи, рекла портпаролката на полицијата.
- Полицијата ја отвори торбата во обид да најде информации за сопственикот. Внатре пронајде 10.000 евра во кеш, бебешка облека и канадски пасош, рекла таа.
Полицијата преку пасошот успеала да му влезе во трага на сопственикот и да му ја врати торбата.
- Тој беше навистина благодарен што ги доби парите и работите назад, рекла таа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија ќе ги укине царините кон САД
-
Калас од Скопје: Се уште се надеваме дека планот „А“ ќе успее, но се разгледуваат и други механизми
-
Куќен притвор за поранешните директори на Онкологија
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
7 специјализанти добија решенија во охридската болница
-
Калас од Скопје: Се уште се надеваме дека планот „А“ ќе успее, но се разгледуваат и други механизми
-
Софија бара ослободителна пресуда за основачот на клубот „Ванчо Михајлов“
-
Побаран притвор за поранешните директори