Такач: Проширувањето на ЕУ е заеднички интерес
Политиката на проширување не би смеела да трпи заради излегувањето на Велика Британија од Европската унија, порача комесарот за Брегзит во Министерството за надворешни работи на Унгарија, Саболч Такач.
-Секако дека Брегзит има негативно влијание врз проширувањето бидејќи не можеме да зборуваме за ништо друго додека не го затвориме ова прашање. Политиката на проширување не би смеела да трпи заради Брезгит, рече Такач за ТВЦГ.
Тој изрази надеж дека новиот состав на ЕК ќе излезе со оддржлив план за проширувањето.
-Тоа е во наш заеднички интерес, истакна Такач.
Според него, заеднички е интересот за прашањето за Брегзит да се најде вистински одговор, по можност прифатлив и за Брисел и за Лондон.
-Повеќе опции има на маса. Мислам дека е најважно тоа да биде опција прифатлива и со бенефити и за ЕУ и за Велика Британија. Се надевам дека тоа е можно. Унгарија е за фер Брегзит. најлошото сценарио е да нема договор, изјави Такач за ТВЦГ.
Ново на Сител
-
Штрајк од први јуни ако не им се исполнат барањата: Вработените во ФЗОМ одржаа предупредувачки протест
-
Почна протестот на вработените во ФЗОМ
-
Парламентарни избори 2024 - се заострува реториката помеѓу партиите
-
Пендаровски и Силјановска и денеска на терен
-
140 социјално загрозени семејства од Прилеп ќе добијат пакети храна и пари пред Велигден
-
Еколошките здруженија реагираат на загадувањето на Охридското Езеро
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар