„Тајм“ ги просласи Џо Бајден и Камала Харис за личности на годината
Магазинот „Тајм“ традиционално ги избра личностите на годината што заминува. Овој пат тоа се Џозеф Бајден и Камала Харис. Според Си-ен-ен, двајцата влегле во „историјата“ кога го победиле Доналд Трамп и неговиот тим на претседателските избори во ноември, што го „испрати“ Трамп на списокот со малубројни претседатели кои не го остварија втор последователен мандат.
На тој ден, Камала Харис стана првата жена потпретседател на САД, како и прва личност со афро-американско и јужноазиско потекло на таа позиција.
„Бидејќи тие ја менуваат американската приказна, затоа што покажаа дека моќта на емпатијата е посилна од гневот и поделбата, заради ширењето на визијата за заздравување во еден тажен свет, Џо Бајден и Камала Харис се избор на ‘Тајм’ на личности на годината“, напиша уредникот Едвард Фелсентал.
Според изборот на читателите, објавен пред четири дена, личност на годината се лекари кои се борат во првите редови против пандемијата на коронавирус. Наградата „Личност на годината“ се доделува од 1927 година, а минатата година личност на годината беше шведската активистка за животна средина, Грета Тунберг.
Ново на Сител
-
Масовна молитва во Тирана
-
Преглед на вестите од светот
-
Локалното население да се едуцира и да се вклучи во гаснење на пожарите
-
Тема на денот со Владимир Симоновски
-
ВМРО-ДПМНЕ: Рудникот е казнет и обврзан да ги преземен сите мерки од А-интегираната дозвола
-
СДСМ бара инспекторатот да побара одговорност од сите инволвирани во хаваријата од рудникот Тораница
-
Четворицата критични пациенти кои се во странски медицински центри и понатаму во тешка состојба
-
Во штипската болница отворен центар за рехабилитација на повредените во пожарот во Кочани