Свет
6. October 2022 - 11:32

Тајландскиот напаѓач кој уби 34 лица, меѓу кои сопругата и детето, се самоубил по нападот во градинка

Напаѓачот кој денеска уби најмалку 34 лица, меѓу кои и деца во градинка во североисточниот дел на Тајланд, ги убил и својата сопруга и детето, а потоа се самоубил, изјави портпаролот на полицијата.

Тој рече дека напаѓачот бил поранешен полицаец, а меѓу жртвите имало најмалку 22 деца

Пукањето се случило во градинка во Нонг Буа Лампу.

Како што јави Би-Би-Си, напаѓачот денеска со огнено оружје и нож ги убил своите жртви.