Тајланд почна со тестирање вакцина против Ковид-19 врз мајмуни
Тајланд денеска почна со тестирање вакцина против новиот коронавирус врз мајмуни, по позитивните испитувања извршени врз експериментални глувци, изјави тајландскиот министер за наука и образование Сувит Мисинци.
Тој истакна дека истражувачите преминале на тестирање на вакцината врз мајмуни, изразувајќи надеж дека ќе имаат појасен увид во ефикасноста на вакцината до септември.
– Овој проект е за целиот човечки род, а не само за Тајланѓаните. Политиката на премиерот е дека мораме да развиеме вакцина и да се придружиме кон работната сила на светската заедница кога е тоа во прашање, нагласи Сувит.
Тајланд во средата објави дека развива вакцина, една од најмалку 100 потенцијални вакцини кои се подготвуваат низ светот, надевајќи се дека ќе почне да ја произведува следната година.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости