-->
-->
Тајфунот Нору пристигна до брегот на Виетнам
-->
Тајфунот Нору утрово пристигна до брегот на Виетнам, соопшти Националниот метеоролошки институт. Брзината на ветрот е од 103 до 117 километри на час, а централниот дел од бурата беше помеѓу Дананг и Кванг.
Во третиот по големина град во Виетнам, Дананг зградите се оштетени од силните ветрови. Повеќе од 200.000 луѓе се во засолништа бидејќи метеоролозите предупредија дека Нору ќе биде еден од најсилните тајфуни што ќе го погодат Виетнам.
Половина од аеродромите во Виетнам се затворени, како и училиштата и продавниците во неколку централни провинции, вклучително и Дананг. Нору претходно ги погоди Филипините, каде загинаа шест лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ за модуларните
-
Какви предности ќе донесат измените на Закон за царини?
-
Се подобрува здравствената состојба на дел од повредените во трагедијата во Кочани
-
По 51-ви пат во Долнени грмнаа тапаните, писнаа зурлите и кавалите, се одржува фестивалот „Пеце Атанасоски“
-
Во пораст бројот на деца со деформитети
-
Преглед на вестите од светот
-
Осми „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Арсовска достави докази